Модна ревија „Made in North Macedonia: Современ дизајн дизајниран од минатото

Сподели

 

На 29.октомври, со почеток во 19.часот во Музеј на македонската борба ќе се одржи модна ревија „Добредојде“ – „Made in Macedonia: Современ дизајн дизајниран од минатото.

“Добредојде” Macedonia Welcome Centre (DMWC) која веќе 10 години работи на полето на културна дипломатија во рамките на својата програма за промовирање на македонската традиција и култура, традиционално по трет пат, организира модна ревија чија основна интенција е промоција на македонскиот моден потенцијал.

 

По првата, со наслов „Made in Macedonia: Современ дизајн накитен со минатото” и втората под име “Made in Macedonia: Почетоци и Еволуција”
каде се промовираа македонските етаблирани дизајнерски имиња, oвогодинешната тема е: артикулацијата на македонските реномирани модни куќи како своевиден омаж на современата домашна текстилна индустрија.

Целовечерната гала модна ревија се предвидува да биде колаж од најпознатите македонски модни брендови кои би се претставиле со по десет аутфити од актуелните колекции.

 

Во склоп на овој настан ќе бидат поканети 300 гости, како домашни така и странски преставници од меѓународната заедница кои престојуваат и живеат во Македонија.

 

Ова е настан подржан од Министерство за култура, а оваа година на наше големо задоволство во соработка со Британската Амбасада модното шоу ќе биде отворено од Н.Е. г-ѓа Рејчел Галовеј, Британски Амбасадор во Северна Македонија.