7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

 

Во Скопје променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 38 Попова Шапка.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2):
11 Лазарополе, 7 Маврово, 6 Охрид, Пожаране, 4 Тетово, Претор, Крушево, 3 К.Паланка, 1 Скопје З.Рид, Битола, Прилеп, Куманово, Струмица, <1 Штип.

Сподели: