7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денаска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. УВ=7.

 

 

Во Скопје ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за појава на краткотрајно невреме и појава на град. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени.

Од среда ќе следи период во кој ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со постепен пораст на температурата.

Сподели: