ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на максималните температури. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индексот денес ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес претежно сончево и потопло време. Слаб северен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Ни следуваат сончеви и топли денови со се повисоки температури како утринските така и дневните. Во четврток по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и топло, утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни од 25 до 36 степени. Во петок и сабота сончево и топло време со речиси идентични температури, утринските од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни од 26 до 37 степени. Во недела сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе достигнат од 27 до 38 степени.

weather4all.com.mk