ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денска ќе биде умерено до повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од крајот на денот од југ ќе се прошири облачност со повремени врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места.

 

 

Температурата ќе се движи од -6 до 14 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег. Преку ноќта од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до утре во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се зголемат. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе почне во сабота.