ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

 

Температурата ќе се движи од 0 до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. 

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер, над 60 километри на час, а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег.