Алтернатива Македонија Настани

Oдбележување на светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Сподели:

 

На 2 април со почеток во 17:00 часот, со заедничко симболично трчање на Кејот на Вардар, согласно мерките и протоколите за одржување на социјална дистанца, Здружението „Сина светулка“ заедно со KoRЯunners ќе дадат свој придонес во подигнување на свесноста за аутизмот.
 

Денес, кога зборуваме за инклузија на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам не треба да зборуваме само за инклузија на децата во училиштата. Тие се рамноправни членови на нашето општество и треба да ги вложиме сите наши сили, знаења и умеење за да им овозможиме да се учествуваат во сите сфери на нашето општествено живеење вклучувајќи го и спортот. 

Втори април како светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното собрание на ООН. Од тогаш, во сите земји членки на овој ден се организираат настани кои имаат цел да го насочат вниманието кон нарушувањата од спектарот на аутизам и предизвиците со кои се соочуваат оваа група на граѓани и нивните семејства.  

Здружението „Сина светулка“ активно учествува во подигнување на свесноста и нивото на третман на децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизам во нашата држава. За таа цел, оваа година, иако се соочивме со голем број на предизвици, преку проектот „Аутизам-онлајн поддршка“ дадовме свој придонес во олеснувањето на секојдневните предизвици со кои се соочуваат децата, родителите и наставниците кои работат со оваа проблематика. Во периодот што следува организаме бесплатни консултации и индивидуална поддршка на семејствата и децата со аутизам во нашите нови простории кои се наоѓаат на улица Васил Ѓоргов бр: 30/4.  Исто така, оваа година ќе следуваат и бесплатни едукации за сите стручни лица наменети за стекнување на знаења и вештини за примена на стратегии за справување со предизвиците во однесувањето на децата со аутизам во редовните училишта кои ќе ги организираме преку проектот “A-class” integrating and supporting students with autism in the mainstream classroom.

Сподели: