ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. УВ=7.

 

 

Температурата ќе се движи од 7 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси.