ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ=9.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло, со слаб ветер од променлив правец. T= 39 °C, P= 983 hPa, U= 34 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

 

И наредните денови ќе биде многу топло, со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури.

Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен. 

Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температури над 40 степени.