Вести Свет Ударни вести

Вучиќ: Нема евроинтеграции и инвестиции ако не го прифатиме француско-германскиот план за Косово

Сподели:

 

Ми соопштија дека мораме да го прифатиме овој план, француско-германскиот, за нормализација на односите со Косово, а ако не го профатиме, ќе се соочиме со последици, изјави вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање на прес-конференција. Како што пренесе телевизијата „Н1“, тој навел дека му било соопштено оти земјата ќе се соочи со прекин на процесот за евроинтеграција, со запирање и повлекување на инвестиции, како и со сеопшти мерки во политичка и економска смисла, кои ќе ѝ нанесат штета на земјата.

„Тоа ми беше повторено три пати во текот на разговорите и секој пат на тоа силно реагирав“, рече Вучиќ.

Тој смета дека замрзнатиот конфликт е најлошото решение и дека треба да се бара компромис.

„Важно е да работиме на компромисно решение, а не верувам дека е тоа можно со куртиевиот режим. Мора да бараме решение затоа што ние е потребен мир со Албанците“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател наведува дека западната петорка дошла со план кој тој го видел прв пат пред 60 дена, а во него тој не учествувал, ниту некој го прашал ниту консултирал.

„Тие дојдоа да ни го предочат својот план, без никаква вина на Србија, ние ништо не направивме никому, не е пукано во ниту еден Албанец, ништо не направивме. Дојдоа и ни го покажаа планот, а потоа на 13 декември сите земји членки го прифатија планот и пет непризнавачи на Косово, затоа што им објаснија дека во планот нема експлицитно признавање на независноста на Косово, иако го прикрија фактот дека постојат обврски да не се противиме на влезот на Косово во ОН. Тие тоа го прифатија а со тоа тој план стана нова преговарачка рамка за Србија. За нас нема напредок ако не работиме, ниту во Европа, ниту е можно било што да направиме ако не соработуваме“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека во времето на раководењето со Косово на Курти имало 288 инциденти, од кои само годинава, 10 тешки.

„Тие бараат конфликт затоа што сакаат НАТО да влезе во конфликт со Србија, a тој да ја избегне обврската за формирање на Заедница на српски општини. Укажуваме секојдневно дека на Србите не им беше дозволено да гласаат, дека луѓе се апсат, дека се пука во српски деца. Мораме да разбереме дека ја осудија и Србија поради барикадите, не сакаа да чујат зошто тоа Србите го сторија, ние сме виновни за нив, затоа што барикадите предизвикале нестабилност, а не апсење и малтретирање на Србите“, додаде Вучиќ./Мета.мк

Сподели: