“За Тоше со љубов” – Традиционална крводарителска акција

Сподели

 

По деветнаесети пат Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.
 
 
 
 
Крводарителската акција ќе се реализира на 25.01.2023 година (среда) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 300 единици крв.