Алтернатива Музика и Филм Настани

“Woodwind Quintet Phil-harmonic Five” од Скопје на Street music во Тирана

Сподели:
 
 
Македонскиот културно информативен центар во Тирана, сношти ги претстави “Woodwind quintet Phil-harmonic Five” од Скопје.
 
 
 
 
 
Во несекојдневна и пријатна атмосфера во “Гранд Паркот” во Тирана, овој наш дувачки квинтет имаше едночасовен концерт на отворено, каде се претстави со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).
 
 
 
 
 
“Grand Park Tirana” е место каде што после 18 часот попладне, излегуваат на прошетка голем број на тиранчани. Честопати таму ќе видите луѓе како читаат книги или возат велосипеди. Тоа е огромен парк од 8 километри и езеро, каде тиранчаните зборуваат за духовните нешта во овој град и свет, духовно светилиште каде се слушуваат безброј концерти, театарски престави, изложби.
Сподели: