Вести Изјави Македонија Став Ударни вести

Заев: Одберете го Најдоброто за вас, за вашата општина

Сподели:

 

“Заедно направивме многу. Заедно победивме режим. Заедно минавме низ тешки мигови и премрежија. Не беше лесно да се надминат препреките и да се ослободи државата. Но, успеавме.
 
Си подадовме рака со соседите. Станавме рамноправна членка на НАТО. На зацртан пат кон Европската Унија. Спроведовме и успешен попис, нешто што сите го сметаа за невозможно.
 
 
Заедно градиме економски напредна земја во која растат платите, пензиите, социјалната помош, се отвораат нови работни места, со јасен план за подобра македонска и европска иднина. 
 
Северна Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан со најтанспарентна Влада во регионот, тука слободно се говори. Се слуша гласот на граѓаните и грижата за луѓето е на прво место.
 
Сега, имаме шанса да продолжиме напред, да го оствариме она што сме го зацртале, наместо да се враќаме назад и да се изолираме.
 
Изберете го најдоброто за вас и за вашето семејство, за вашиот град, за вашата општина, за нашата татковина!
 
Вие одлучувате!” – Зоран Заев, лидер на СДСМ
 
 
 
 
Сподели: