Започна акцијата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“

Сподели:

Со симболично чистење на дива депонија во Преспа, започна кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, чија цел е да се поттикне одговорноста и подобрат практиките на локалното население за правилно постапување со отпадот.

Преспа со години се соочува со проблеми во управувањето со отпадот – од несортиран отпад, преку диви депонии, до загадување на почвите и Преспанско Езеро, беше посочено на прес-конференцијата која го означи почетокот на кампањата.

Оваа кампања е чекор кон решавање на тие проблеми преку едукација, соработка и вклучување на населението, фармерите, локалните институции, бизниси и училишта, кажаа говорниците.

Целиот текст можете да го проследите на следниот линк

Сподели: