Започна поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад

Сподели:

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Сподели: