Започна роденденската недела во “Лајка”

Сподели

 

Роденденската недела во Лајка започна:

На нашиот ПРВ роденден ќе ги прескокнеме непотребните трошоци за прослава и цела недела вниманието и подароците, да им ги посветиме само на нашите штитеници кои сеуште бараат дом. На оние кои се невдомливи, а константно имаат потреба од нега, на оние кои полека но сигурно закрепнуваат, на вдомувачите и секако на дружбата со вас.

Ве покануваме на 14//10//2021 од 10:00 до 16:00 часот.

Торта за сите гости од наша драга поддржувачка, а кафе ние ќе ви направиме. Заедно да заокружиме една успешна година и заедно да ја продолжиме нашата мисија.

Нашата листата на желби и потреби за кучињата е бесконечна и тоа се работи кои постојано се трошат и од кои имаме потреба од нови и нови.

Сите кои што сакаат можат роденденски да ги израдуваат нашите крзнени пријатели и да им подарат:
– Користени но употребливи ќебенца и прекривки
– Грицки и дехидрирана храна
– Поводници и околувратници
– Подметачи и креветчиња
– Играчки
– Метални чинии
– Виршли
– Витамини
– Ампули и каишки против болви и крлежи
– Пилевина и слама
– Градежни материјали: нелизгави плочки и лепак за плочки, бекатон и песок, даски и метални панели.
Особена благодарност до сите кои цела година не поддржуваат и се грижат за сите потреби на кучињата.