Започнува манифестацијата “When in Krusevo 2019”

Сподели

 

https://www.facebook.com/wheninkrusevo/videos/2323169861072723/

Почнува третото издание на outdoor фестивалот “When in Krusevo”, кое трае од 21. јуни и ќе трае до 23. јуни.

Фестивалот вклучува тури во планински велосипедизам, планинарење, како и повластени цени за тандем параглајдинг, кајакарење и многу други активности!

линк за пријавување

ПРОГРАМА:

21 Јуни 2019, петок

16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Параглајдинг инфо центар -Крушево, поставување на шатори на Крушевското Езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
21:00 официјално отворање
22:30 Invictus
00:30 NATTY FIYAH SS
– DJ Бапчу

22 Јуни 2019, сабота

08:00-09:00 почеток на турите за планински велосипедизам и планинарење,
– долга тура за планински велосипедизам 40км,
– кратка тура за планински велосипедизам 20км,
– долга планинарска тура 20км,
– кратка планинарска тура 10км,
Патеките за велосипедските тури ќе бидат облежани, за секоја тура се обезбедени водичи и освежителни пунктови на повеќе места.
15:00 заеднички ручек обезбеден за сите учесници во Adventure park and restaurant Бегова Корија
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
13-19:00 пинг понг, јога, јавање, kids korner и други активности
22:30 Тhe Hounds
00:30 TODOROFF

23 Јуни 2019, недела

10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учеснции, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-16:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот
13-17:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
17:00 затворање на фестивалот

* Организаторот го задржува правото за промена на распоредот.

ПРАВИЛНИК ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ “When in Krusevo”

Член 1
Секој учесник пред стартот потпишува поединечна изјава во која изјавува дека возењето на МТБ турата, планинарската тура, тандем параглајдинг, кампување, кајак, забавата на фестивалот и сите останати активности предвидени во програмата на „When in Krusevo 2019 “ се на сопствена одговорност и дека ќе ги почитува дадените опасности обележани од страна на организаторот. Целокупната одговорност е на страна на учесникот. Изјавата е валиден документ со кој организаторот може да ја потврди пред надлежни органи.

Член 2
Секој учесник треба да има со себе комплетна велосипедска опрема (кацига, заштитни ракавици, соодветна облека за возење и сл.). Возењето без кацига е на одговорност на учесникот. Организаторот на стартот на турата им соопштува на учесниците за правилата за носење на кацига. Исто така потребна е соодветна психовизичка подготвеност за планинарскте тури, исхраната е од ранец, вода најмалку 1.5л. и планинарска опрема согласно временските прилики и најавена временска прогноза.

Член 3
Организаторот не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на личните предмети на учесниците во кампинг зоната и надвор од неа, затоа ги советува сите учесници да ги носат вредните предмети со себе.

Член 4
Учесниците прифаќаат да бидат дел од снимениот материјал (фотографии, видеа и сл) со кои подоцна организаторот ќе може да ги употреби за сопствени цели (снимање на документарци, видео клипови за настанот и сл.)

Член 5
Организаторите го задржуваат правото да направат измени на планот и програмата, особено ако тоа е поради безбедносни причини.