Вести Изјави Свет Топ теми Ударни вести

Зеленски се согласи на преговори со Русија во Белорусија

Сподели:

 

Украинскиот претседател Володомир Зеленски преку социјалните мрежи објави дека разговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко.

„Се договоривме украинската делегација да се сретне со Русите без претходни услови на украинско-белоруската граница, во реонот на реката Припјат. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста за тоа што во моментот на заминувањето, преговорите и враќањето на украинската делегација, сите авиони, хеликоптери и ракети поставени на белоруска територија ќе останат на терен,“ напиша Зеленски на Фејсбук.

 

 

Предходно Русија им даде рок на украинските власти до 15 часот по локално време да одлучат дали ќе се сретнат со руската делегација на разговорите во белорускиот град Хомел.

Украинскиот претседател изјавуваше дека ќе биде подготвен да разговара со Русија, но го отфрлаше предлогот средбата да се одржи во Белорусија.

Сподели: