ЖЕНСКА ТРКА ВО СКОПЈЕ ЗА ПОАКТИВЕН СПОРТСКИ ЖИВОТ

Сподели

Шестото издание на „Авицена женската трка“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за прв пат како улична трка обедини над 1.700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекордно висок одзив на учество на оваа трка која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон.

Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на трите најдобро пласирани според Gun Time – Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска.

Трката служи како инспирација за многу од нејзините учеснички да почнат активно да се занимаваат со вежбање, тренирање и за промовирање на здравите животни навики.

Поради тоа што трката се одржа на Денот на шегата, 1-ви април, голем број на учеснички беа инспирирани, патеката од 2 километри да ја минат носејќи маски.