Алтернатива Магазин Настани Наука и Технологија

Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Сподели:

 

Разноликоста и диверзитетот на брендовите, како во светот, така и во земјата, со секоја измината година, стануваат сè поголеми, а со истото конкуренцијата во различни сегменети паралелно се зголемува, а воедно и шарената палета на различни понуди и производи.

Пред почетокот на пандемијата, е-шопингот од страна на македонскиот просечен потрошувач беше најмногу перцепиран генерално како вид на купување, којшто можеби не е доволно безбеден, веродостоен и непроверен, со постоење на големо ниво на доверба само во традиционалниот начин на купување, – во физичка продавница.

 

 

Но, брзиот начин на живеење, пост-пандемичниот период и новите сфаќања, навики, развојот на технологијата, како и појавувањето на новите очекувања на потрошувачите, а најмногу на помладите генерации, креираа нова реалност каде што модерниот животен стил го охрабри денешниот потрошувач од скоро сите генерации да ја додели својата доверба на онлајн купувањето, како и реалност во која е-шопингот е сè почест начин на купување и новото нормално.

 

Онлајн продавницата на МИНИСО Македонија, вклучува големи придобивки за сите регистрирани корисници, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, онлајн поддршка 24/6, безбеден систем при плаќање, како и 100% поврат на средства односно до 15 дена враќање на пратка.

Македонската пејачка Лара Иванова на почетокот на годинава преку заедничка соработка со овој бренд, во јавноста беше претставена како бренд амбасадор на Минисо Онлајн и во претстојниот период Минисо и Лара најавуваат голем број на нови изненадувања.

Официјалната македонска веб продавница на МИНИСО е веќа активна и достапна за сите заинтересирани љубители на уникатни и интересни лајфстајл подароци, аксесоари, украси и гаџети, како и на брзиот и практичен начин на живеење – minisomacedonia.com.mk.

МИНИСО, – затоа што животот е за забава.

Сподели: