ЗОО Скопје гради нов дом за фламинга и пингвини

Сподели

 

Во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини. Ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет.

 

 

Зоо Скопје конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом изграден по светски стандарди.

Финансиите за живеалиштето ги обезбеди Град Скопје.