ЗОО Скопје се отвора за посетителите со нови мерки

Сподели

 

Зоолошка градина Скопје денеска ги отвора вратите за посетителите од 9:00 часот, но поради состојбата со коронавирусот посетителите ќе мора да си придржуваат кон новите мерки.

 

 

Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, со растојание од 1,5 м кое е уредно обележано.

 

 

По правилата, строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители. Бројот на посетители ќе биде ограничен – соопштуваат од ЗОО Скопје.