ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ 2025, во Културно информативниот центар – Скопје, на 9. јули, Салон 19:19 со почеток од 20:30 часот
Концерт на Филип Шурбевски Езгија квартет
Кулпарк (пред КИЦ)
21:30 часот
Концерт на Мартин Џорлев
Концерт на Педро Хоризонте
DJ Amplidyne Effect
Изложбен салон Империјал 1 во 20 часот
„Резови“ – изложба на Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски
Изложбен салон Империјал 2 во 20 часот
Фото Синтеза, ревијална изложба на алтернативни фотографски техники
Изложбен салон Империјал 2 во 19:30 часот
Промоција на книгата „Наследство: Кoшмари“ од Јордан Коцевски
+ Мини саем на книги
На 9 јули, срцето на градот повторно ќе пулсира во ритамот на добрата музика со летниот музички open air фестивал „Звукот на Скопје“, во организација на Културно информативен центар – Скопје.
Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на различни музички жанрови и уметноста и им нуди незаборавно искуство под отворено небо. „Звукот на Скопје“ не е само фестивал – тој е културен настан што ги слави музиката, уметноста и духот на градот.
Оваа година, на сцената повторно ќе настапат свежи домашни музичари, кои со својот уникатен звук ќе создадат вистинска магија на летната вечер.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од едно од највибрантните случувања во Скопје ова лето!


