12. издание на АВИЦЕНА женска трка

Сподели

 

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и АК Работнички, а под покровителство на Град Скопје на 7 април 2024 ќе се одржи 12. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.
ПРОГРАМА
Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од лотаријата
По завршување на трката ќе има забава.
КОТИЗАЦИЈА
• до 11.03.2024 / 350 денари
• до 02.04.2024 / 400 денари
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето е задолжително. Повеќе информации на www.zenskatrka.mk
Рокот за пријавување е и рок за уплата на котизацијата.
Пријавете се до 27 март 2024 и вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Рокoт за пријавување трае најдоцна до 2 април 2024.
На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде на 5 и 6 април, а локацијата ќе биде дополнително објавена.
НАПОМЕНА: Во случај на презакажување на трката заради било какви причини уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.
СТАРТЕН ПАКЕТ
• стартен број со чип
• дигитален стартен пакет
• вода
• учество во лотарија
• осигурување
• подароци од спонзорите
МАИЦА – ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ
При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и драј фит маица со логото на трката.
НАГРАДИ
По завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите.
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата. Извлекувањето ќе се одржи во живо еден ден пред трката на местото каде што ќе се подигнуваат стартните броеви. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.
КАТЕГОРИИ
• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• до 60 години
• 60+ години
ПАТЕКА
Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинденска, во близина на Фонтана Лотос, се трча еден круг од 3 км.