Ајфеловата кула отворена за посетителите

Сподели

 

По неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања, од денеска се отвора Ајфеловата кула за посетителите. Влезниците се распродадени на интернет.

Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19.

 

Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19.Ова правило во моментов не важи за малолетници.

Ајфеловата кула секоја година ја посетуваа околу 7 милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.