7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9.

 

 

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град. Од утре температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Сподели: