Алтернатива Настани

Изложба на Милка Крстевска “Традиционални садови од дрво”

Сподели:

 

Изложбата “Традиционални садови од дрво” од 2009 год, во авторство на Милка Крстевска публикуван е каталог кој може да се погледне на следниот линк
 
 
 
 
На оваа изложба се застапени садови што имале широка употреба во секојдневниот домашен живот, како и садови кои се користеле при вршењето на разни земјоделски активности.
 
 
 
 
Предметите датираат од почетокот на 20 век, а територијално ја покриваат речиси цела Македонија. При нивната изработка не постојат урнеци, мајсторот сам го креирал нивниот облик, воден од своите потреби, умешност и креативност.
 
 
 
 
Дрвото како природен материјал кое само по себе дава готови форми, лесно за обработка и широко распространето во околината, наоѓало голема примена во изработката на разни предмети. Најголем број од садовите се изработени во техника на длабење и делкање со помош на алатките: гребалка, земалка, лодарче, грибло, ќулум, бетемија, нож, тесла и секира.
 
 
 
 
Според својата функција традиционалните садови од дрво може да се поделат на две групи, а тие во неколку подгрупи: садови за домашна употреба и садови за разни земјоделски активности.
 
 
Сподели: