Бесплатно панорамско разгледување на Скопје

Сподели:

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот.

Со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот, информираат од Град Скопје.

Поаѓање: Порта „Македонија“, Сабота во 10:00 часот. Пријавување на телефонскиот број: +389 71 250 419

Сподели: