Алтернатива Настани

Божино на Интернационалниот фестивал за постери во Приштина

Сподели:

 

На 12 декември во Приштина, Косово се одржа Интернационалниот фестивал за постери на коj земаа учество уметници од целиот свет, а од областа на професионалци беа избрани само 120 дизајнери.

 


Единствениот учесник од Македонија беше Драган Божино кој претстави два негови постери со наслов “Life is a movie, death is a photo” и “The health effect of air pollution”.

 

 

Она по што се препознаваат неговите постери е тоа што преовладуваат костурите. Дизајните му се концептуални и со многу „длабоки“ пораки, а најчесто инспирирациите ги црпи земајќи во предвид сè околу него, општествено-политичките епизоди, неговиот живот и животот на луѓето, резултатите од сето она за што се бориме и во кое сме вклучени на овој или оној начин.

 

По професија е графички дизајнер, работи како креативен директор во маркетинг агенција.

Божино е можеби единствениот уметник во регионот кој црта со една специфична техника, а тоа е талогот од кафе. До сега реализираше две самостојни изложби во Македонија, а има учествувано на повеќе групни изложби како во земјава, така и надвор од неа, каде неколкупати ги освои првите места.

Сподели: