Никола Груевски вчера имал средба со амбасадорите на САД, на државите членки на Европската Унија и на НАТО во земјава, на која од страна на партијата било посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од […]
Ударни вести
ДА БЕШЕ СÉ НОРМАЛНО – Гордана ПОПСИМОНОВА
Да беше сé нормално, немаше да го пишувам овој текст. Ќе ја накривев капата и ќе го уживав октомвриското сонце. Или, ќе си го правев постерот за следната конференција. Или, ќе си читав книга. Во секој случај, немаше да ме преокупира исходот од претстојните локални избори. Можеби и не ќе се појавев на гласање. Камо […]
Загадувањето на воздухот убива над 500.000 Европјани годишно
Загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од 500.000 случаи на предвремена смрт во Европа, без оглед на малото подобрување на квалитетот, соопшти вчера Европската агенција за околината (EEA) во својот годишен извештај, пренесува Anadolu Agency (AA). Иако податоците за подобрување на квалитетот на воздухот се охрабрувачки, агенцијата со седиште во Копенхаген наведува дека загадениот воздух и […]
МТСП: Септемвриските плати на вработените во градинките се покачени за 2% и усогласени со Законот за минимална плата
На денешната прес конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките. Редовното покачување од 2% на платите на вработените во градинките е вметнато во нивната септемвриска плата. Потоа, согласно со Законот за минимална плата, зголемената плата за 2%, дополнително се покачи до […]
САД се повлекуваат од УНЕСКО
САД го известија официјално УНЕСКО дека се повлекуваат од таа организација на ОН. Тоа го изјави денеска генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова. Според западни медиуми, САД ќе го напуштат УНЕСКО од 31 декември. Според дипломатски извори, со тој потег САД ќе ја отежнат уште повеќе ситуацијата на организацијата на ОН за култура и образование, […]
Заев: Ајде во недела заедно да ги заокружиме промените, за да живее нашата убава Македонија
Обраќање на Зоран Заев, претседател на СДСМ Почитувани граѓани, Еве не повторно заедно, исправени пред уште една историска одлука за нашата Република Македонија – да си потврдиме дека одиме напред, кон раст и развој. Бидете горди и сигурни – Македонија e слободна и слободно живее! И сега, мораме да продолжиме! Промената мора да биде целосна, […]
Четири години затвор за „кубачот“ на Шеќеринска
Панче Ангелов кој ја нападна Радмила Шеќеринска за време на насилствата во Собранието на 27 април, денеска доби четири години казна затвор од скопскиот Кривичен суд. Ангелов на рочиштето што се одржа минатата недела изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт. Шеќеринска на последното рочиште, на 6 октомври, […]
Совет на ЕУ: Дваесет земји-членки на ЕУ избраа заедничко Европско јавно обвинителство
Советот на Европската унија денеска ја усвои регулативата за формирање на Европско јавно обвинителство (ЕППО) кое ќе важи за дваесет земји-членки на Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова Јавно обвинителство ќе биде задолжено за истрага, гонење и изведување пред лицето на правдата на сторителите на прекршоци против финансиските интереси на Унијата. […]
Шилегов на прес-конференцијата на Коце Трајановски побара да излезе на ТВ соочување
Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов упадна на прес-конференција на противкандидатот Коце Трајановски и побара да излезе на ТВ соочување. И на овие избори и покрај поканите од сите медиуми, ВМРО-ДПМНЕ им забрани настапи на нивните кандидати и не одговори на ниту едно барање. Денеска на потпишувањето на барањата на иницијативата […]
Ердоган ја заврши посетата на Србија
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган синоќа ја заврши дводневната посета на Србија во чии рамки престојуваше и во Нови Пазар. Турската делегација имаше низа билатерални состаноци со српскиот државен врв, како и со српски стопанственици. Ердоган оцени дека Србија е клучна земја на Балканот и оти очекува годишната трговска размена меѓу двете земји да […]