Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Дамјан Манчевски: Се повлекувам од политиката, се враќам на професијата во приватниот сектор

 

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се повлекува од политиката, објави на својот официјален фб профил. 

“Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ.

Професионално во политиката влегов кога беше најтешко, во 2015 година. Срушивме режим на мирен начин, земјата е членка на НАТО, отворен ни е патот кон членство во ЕУ, ја вративме слободата и демократијата, платите растат… Не беше лесно. Многу преживеавме заедно. Но, денес Северна Македонија е на вистинскиот пат и следат уште подобри времиња.

Одлучувам да ја напуштам политиката кога можеби најмалку се очекуваше. После победа и нов мандат. Сепак, решив да се вратам на професијата и во приватниот сектор. Влегувам во нова борба. Време е за нови предизвици.

Оваа моја одлука нема никаква врска со било која состојба во политиката. Таа е лична и само моја. Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор” – напиша Дамјан Манчевски на својот фб профил.

 

Сподели: