Алтернатива Настани Наука и Технологија

“ИНОВАМАК 2020” Меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии

 

Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува сите домашни пронаоѓачи и иноватори да се пријават за учество на Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020.

Со оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on-line, од 9. до 11 ноември 2020. На 11 ноември на веб-страницаta www.naim.mk ќе биде објавен официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и иновации, заедно со наградените добитници. Наградите се златни, сребрени и бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин.

Крајниот датум за пријавување е 31. октомври 2020. Учеството на ИНОВАМАК 2020 е бесплатно! Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата објавена на www.naim.mk . Дополнителни информации на dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com или на тел. 075-376-831 и 075-228-344.

Со оглед на стекнатиот меѓународен углед што го постигнаа претходните три саеми ИНОВАМАК (минатата година учествуваа 20 земји со вкупно над 100 патентирани пронајдоци!), оваа година се очекува да учествуваат повеќе од 25 земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата. Не пропуштајте ја приликата да ја претставите својата иновација пред целиот свет! – Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM).

Сподели: