ДИК: Во Теарце победи СДСМ, но нема промена во мандатите

Сподели

Конечниот резултат е 51 пратенички мандат за ВМРО-ДПМНЕ, 49 за СДСМ. На прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа.

Ова се официјални резултати кои ги објави ДИК и според нив , нема да има промена во освоените пратенички мандати.