ДОМ: Барање за дополна на Акциониот план за чист воздух  

Сподели:

Загадувањето на воздухот предизвикува сериозни последици по здравјето на луѓето. Зелената партија ДОМ предлага до Владата на РСМ да го дополни акцискиот план за чист воздух за 2024- 2025  со следните мерки :

1. Во зимските месеци да се забрани користење на алтернативни горива (отпадна пластика, гума, текстил…) од страна на индустриските капацитети  кои имаат дозвола да ги користат истите ;

2. Во деновите кога се надминати граничните вредности на загадувачки материи во амбиенталниот воздух индустриските капацитети задолжително да го намалат производствениот капацитет за 50 %;

3. Во истиот период градилиштата да се ограничат да немаат земјени работи и транспорт со камиони;

4. Да се изврши контрола од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на сите физички лица што добиле ваучери за купување на клима уреди дали ги користат истите или користат стари нееколошки начини на затоплување кои емитираат загадувачки материи;

5. Урбаното зеленилото значајно придонесува во прочиствање на воздухот, затоа комуналните испектори во општините и Министерството за животна средина да направат контрола на примената одредбата од Законот за урбано зеленило за најмалку 20% зеленило на секоја градежна парцела која е во фаза на градба;

6. Владата да набави еколошки автобуси за јавниот превоз како би се исфрлиле од употреба старите нееколошки автобуси и да предвиди субвенции за набавка на еколошки автобуси за приватните превозници.

7. Владата да ја сопре политиката за олеснет увоз на половни возила и намалување на таксата за јаглеродни емисии, а да дава субвенции или да ги намали даноците за електрични  и хибридни возила.

Сподели: