Домати за здраво срце

Сподели

Како внесувањето на поголемо количество домати, ќе ја подобри работата на вашето срце и ќе го регулира високиот крвен притисок?

Доматите играат огромна улога во исхраната и овој „зеленчук“ прави многу повеќе за организмот на човекот од обичното освежување на салатите. Доматите изобилуваат со хранливи материи кои помагаат во намалувањето на високиот крвен притисок.

Здравствени придобивки од консумирањето домати

Од научен аспект, доматите се овошје, но повеќето луѓе ги сметаат за зеленчук. Нивото на калории кај доматите е многу ниско и се мошне богати со растителни влакна. Исто така, доматите изобилуваат со хранливи материи коишто се добри за целокупното ваше здравје, и тоа со:

  • Ликопен
  • Фолна киселина
  • Калиум
  • Витамини А, Б, Ц и Е

Кога доматите се готват во комбинација со маслиново или сончогледово масло, ликопенот кој се наоѓа во доматите многу полесно се апсорбира во вашето тело при што се задржуваат сите хранливи материи

Доматите и срцето

Доматите содржат две клучни хранливи материи, кои имаат големо влијание врз здравјето на срцето: ликопен и калиум.

Ликопенот  им ја дава црвена боја на доматите и е моќен антиоксиданс кој што го спречува оштетување на клетките. Некои истражувања покажуваат дека ликопенот може да го намали „лошиот“ холестерол и да го спречи згрутчување на крвта, со што го намалува ризикот од мозочен удар.

Калиумот е минерал којшто го намалува високиот крвен притисок со тоа што го одзема натриумот од вашето телото (кој го внесуваме прекумерно со многу солената храна) и ги опушта ѕидовите на крвните садови при висок притисок.

Вклучете повеќе домати во вашата исхрана

Ви предлагаме неколку креативни начини за внес на повеќе домати во вашата исхрана, а со тоа и да го намалите ризикот од висок  крвен притисок:

  • Конзумирајте сок од домати со ниско ниво на натриум (помалку сол)
  • Одберете чери домати како здрава ужина
  • Измешајте ситно сецкани домати во вашиот омилен сос за тестенини
  • Гответе со доматно пире за да додадете повеќе вкус и хранливи материи во исхраната
  • Додадете парчиња свеж домат во вашите омилени сендвичи

Пристигнува летото а доматите  ги има во изобилие. Затоа, помогнете му на вашето срце и вклучете ги домати во вашата исхрана и заборавете на високиот крвен притисок!