ДПМ: Чествување на Гане Тодоровски

Сподели

Преку седум беседи на познавачи на творештвото на Тодоровски (1929 – 2010), на денот на раѓањето на поетот, 11 мај, во 12 часот, ќе бидат осветлени аспекти на неговата поезија, книжевната наука, преводот, критиката и есејот.

Низ сеќавања на неговите блиски соработници, ќе стане збор и за учеството на Гане Тодоровски во литературниот живот, како член на ДПМ од 1951 година и во два мандати претседател на македонската писателска асоцијација, за влогот во покренувањето, осмислувањето и развојот на Струшките вечери на поезијата, за боемскиот живот, како и за неговата педагошка работа на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Гане Тодоровски својата прва поетска книга, со наслов „Во утрините“, ја објави во 1951 година. Во наредните шест децении тој создаде обемен творечки опус за кој е добитник на високи признанија, меѓу кои и на наградите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Димитар Митрев“ и „Ацо Шопов“.