ДС бара Парламентот да расправа за инвестициите во инфраструктурата

Сподели

 

Анализата на извршената ревизија на успешноста на „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите, платени и стварни трошоци“, подготвена од Државниот завод за ревизија, покажува дека има бројни недостатоци, меѓу кои и несоодветна техничка документација, пробивање на роковите за изградба на проектите, зголемување на вредноста на проектите, отсуство на координиран институционален наздор и управување со процесите, застој и бавна динамика на реализација на инфраструктурните проекти, неискористеност на заемите итн. 

Анализата на 11 инфраструктурни проекти (патишта и железнички пруги) меѓу другото покажува дека се потрошени 58 милиони евра само за камати и провизии за патишта и железнички пруги, кои не се изградени.  Најмногу сомнежи за криминал има при изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид, Миладиновци – Штип, како и железничката пруга Бељаковце – Крива Паланка.

 Овие инфраструктурни проекти се градат првенствено со странски кредити, а ги одобрува Собранието, поради што неопходна е парламентарна расправа. 

Во анализата на резултатите од оваа ревизија мора да се вклучат и Одделот за организиран криминал при МВР, Обвинителството за организиран криминал, како и Финансиската полиција, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.