Алтернатива Настани

“ПРВ ДО ВРВ” повторно организатор на “ЈА ТРЧАМЕ МАКЕДОНИЈА”

Сподели:

И ова лето во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје ќе продолжи традиција на „Ја трчаме Македонија“ преку серијата на трки на пет локации покрај вода низ Македонија.

Се работи за пет трки на 5 километри, наменети за сите кои трчаат или сакаат да трчаат ова лето на предвидените локации во проектот. Летната лига во трчање започнува на 2 јули во Скопје, а потоа следуваат трките во Претор на 9 јули, Дојран на 16 јули, Маврово на 23 јули и завршната трка во Охрид на 30 јули.

Во трките кои се дел од серијата „Beach Run 2017’’ може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање на 5 километри за оваа година.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд од 1.000 евра и врвна спортска опрема за трчање.

Пријавувањето за учество во „Beach Run 2017’’ е преку веб страната на www.prvdovrv.mk.

Сподели: