Фолклорен спектакл во срцето на Карпош

Сподели:

Третата вечер на „Карпошовото културно лето 2025“, одбележана со бурни емоции, аплаузи, воздишки и воодушевувања од грандиозниот настап на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое наметна  несовладлив интензитет и енергија, помеѓу изведувачите и присутната публика.

Се чини дека плоштадот „Млечен“ со крајни напори ги рашири своите прегратки, за да ги прими сите љубители на фолклорот и традиционалниот народен мелос.

Посебен впечаток кај публиката оставија академскиот хор и играорната група на АКУД „Мирче Ацев“, кои со својот сценски настап и кореографија создадоа нераскинлива врска која ќе биде длабоко врежана во сеќавањата на карпошани.

Вистинско освежување на сцената понудија и играорците од Романија и Мексико, кои со автентичниот мелос и народните носии кои се карактеристични за земјите од кои доаѓаат, ги освоија срцата на нашата домашна публика.

Комплименти за организаторот, настапувачите и секако за беспрекорната публика, која несомнено покажа капацитет за прифаќање на културни идентитети и естетски вредности, кои се различни од нашето изворно поднебје.  

Сподели: