ГАЛЕРИЈА “ОСТЕН” ДОБИ СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ЗНАЧАЈНА УМЕТНИЧКA ФОРМА

Сподели

osten

Галеријата „Остен“ доби Светска награда за посветеност на квалитет од БИД (Business Initiatives Directions). Наградата World Quality Commitment Award им се доделува на компании и организации од сите области на бизнис и општествено делување, кои се посветени на спроведување на културата на квалитет, иновативност и извонредност при реализација на своите активности.

– Оваа награда „Остен“ ја добива за својата иновативна и уникатна перспектива за една значајна уметничка форма – цртежот, за својата импресивна и промислена колекција на цртежи, за сите иницијативи кои помагаат подобро да се разберат и повеќе да се ценат уметниците во целиот свет и за воспоставување глобално препознатлив глас на уметничкиот свет од Скопје, Македонија. Наградата за квалитет на БИД е меѓу најпрестижните признанија за извонредност на една организација во светот, информира „Остен“.

Врачувањето на наградата за „Остен“ ќе биде на 16 октомври во хотел „Хајат Регенси“ во Париз од претседателот на БИД Хозе Е. Прието.