Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри.
Настанот се одржува денеска, 16 октомври во Скопје и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.
GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока – Почетокот. Тој симболизира создавање, раѓање, каписла и револуција. Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската сцена за развивање игри. Како сеуште не доволно истражен предел на креативност и талент, Македонија има огромен потенцијал, а GDR25 е дизајнирана на студентите, младите креативци и професионалците, да им обезбеди мотивација, насоки, контакти, па дури и самодоверба за да се впуштат и напредуваат во индустрија за развивање игри.
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ
- Врвни говорници и спикери: Светски лидери кои ја обликуваат иднината на игрите ќе одржат keynote предавања, fireside chat (Ask-me-Anything) сесии.
- Indie Zone Showcase: Инди студија кои ќе ги претстават своите проекти, нудејќи преглед на следниот бран на креативци.
- Развој и имплементација на екосистемот: Панели и работилници посветени на продукција, раст на екосистемот и бизнисот на развивање игри.
- Вмрежување и VIP настани: Специјално курирани случувања за поврзување и соработка меѓу „главните играчи“ во индустријата, партнерите и посетителите.
- Заедница и култура: Од разновидна храна до голема забава, GDR25 ветува живописна мешавина од култура и дружење.
ПРИКЛУЧИ СЕ НА РЕВОЛУЦИЈАТА
Game Dev Rev не е само конференција, тоа е почеток на движење што има цел да ја постави Македонија на глобалната мапа на развивање игри.


