Вести Изјави Македонија Ударни вести

Хан: Северна Македонија заслужува отворање на преговорите со ЕУ

Сподели:

 

Во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК, изјави дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ.

“Северна Македонија направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. „Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан”, вели еврокомесарот Хан во интервјуто.

Ресорот проширување и добрососедска политика ќе го преземе досегашниот министер за правда на Унгарија Ласло Трошани, додека  Хан останува еврокомесар и во новиот состав на ЕК, но ќе биде задолжен за буџет и администрација..

Сподели: