Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2018“ 

Сподели

Со претставата „Снешкото што не сакаше да се истопи“ на Визуелен куклен театар „Празеин Алога“ од Грција и настап на Емануела Капокаки,  на 7.  јули во 20 часот, на малата сцена на Македонскиот народен театар започнува 11 –тото издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2018“.

Во рамки на програмата на фестивалот кој годинава ќе се одржува во два дела – од 7 до 9 јули и на 30 септември, публиката во првиот дел ќе може да погледне четири претстави од четири различни театарски жанрови: куклен, ритуален, класична пантомима и буто. На фестивалот ќе учествуваат артисти од Грција, Бугарија и Србија.

Вториот дел на „Панфиз“ ќе се одржи на 30. септември, за кога е најавено гостување на финската атракција „Мимо Арт“ од Хелсинки со претставата „Body Notes“.