Изложба „15 години насочени во вистински правец“ на ликовното студио „Арс вивенди“

Сподели

 

Денеска во галеријата на Домот на културата “Кочо Рацин“ – Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде поставена изложбата „15 години насочени во вистински правец“  – завршна изложба на дела изработени од членовите на  ликовното студио „Арс вивенди“ каде што ментор е академскиот сликар и ликовен педагог м-р Тони Шулајковски.

 

 

Во текот на изминатата учебна година членовите насликаа дела со различни мотиви а ги изработуваа во различни техники од акрилик на платно, акварел, туш, молив, дрвени боици,сув пастел, дигитална графика до скулптурна инсталација.

 

 

Ликовното студио „Арс вивенди“ почна со работа на 15.9.2005 година под мотото „Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ коешто го користи до ден денешен.Петнаесеттата завршна изложба на студиото е реализирана со поддршка од Министерството за култура на РСМ.

 

 

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и дипломи од студиото за членовите од генерацијата 2019/2020, а ќе биде отворена за посетителите до дваесетти септември.