Денеска на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата, во 17 часот ќе се одржи протестен марш во организација на на граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“.

„Додека жените ги убиваат, пријавите за насилство остануваат во фиока, а институциите не делуваат. Не ни требаат свечености, обесмислени протоколи, светкави настани, портокалово осветлени згради и одмерени говори. Излегуваме на улица затоа што сме гневни. Затоа што одбиваме да се помириме со општество во кое постојано сме предупредувани да внимаваме, да се штитиме и да се плашиме. Одбиваме да поддржуваме институции кои не сакаат и не можат да не заштитат. Нема да дозволиме институциите да се кријат зад протоколи, извештаи, процедури и комисии! Нема да ја дозволиме апсурдната вообичаена дневно-партиско-политичка програма додека ние ги закопуваме нашите другарки!“
Се среќаваме на единственото место каде прави смисла да бидеме заедно: на улица, во протестна борба за женските животи! Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град.
Протестниот марш започнува во Парк Жена Борец во 17 часот,- рекорд – бул СВ. Климент Охридски – ул. Јордан Мијалков – МВР Димче Мирчев бр. 9.
Маршот се организира на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!


