Изложба на Стефан Шашков “МЕШАЊЕ ЗВУЦИ” – амбиентални чкрапографии

Сподели

 

Денеска, 11. декември во  изложбениот простор во Н.У. Кинотека на Македонија, со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Мешање на звуци“- Стефан Шашков од  ЦЕНТАРОТ ЗА КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ – НЕБО. 

 

 

“Изложбата насловена „Мешање на звуци“ претставува една игра на синестезија, односно кореспонденција помеѓу, бои форми и музика, а воедно е визуелно-естетски омаж на музичарите Харолд Бад и браќата Брајан и Роџер Ино.

 

 

Шашков низ своите фотографии, врз кои се извршени компјутерски доработки, а именувани според музичките композиции на музичарите браќата Ино и Харолд Бад, успева повторно во нас да ја иницира оваа сензација на обоена музика и за миг да не понесе на неговото уметнички вдахновено патување, каде, секој еден звук на музиката на Роџер Ино, вибрира со колоритни тоналитети, а водно не само што ни овозможува да ја гледаме музиката низ ликовен облик, туку не воведува во нашиот имагинарен свет, исполнет со непознати пејзажи, во кои лебдат бестежински сите  чувства и фигуративни објекти. 

 

 

Па оттука би рекла: кога ги гледам фотографиите на Шашков, ја слушам музиката на Роџер Ино. А кога во себе ја слушам музиката на Ино, ме понесуваат амбиенталните пејзажи на Шашков”, изјави Јасмина Котевска од ЦКИ- НЕБО, Суводол.

 

 

Изложбата ќе биде прикажана во чест на музичарот Харолд Бад, кој пред три дена го напушти земниот свет и истата публиката ќе може да ја проследи се до 18 декември.

 

denesmagazin.mk