Изложба Визуелна фасцинација со Загреб на Менче Спировска

Сподели:

По потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Музејот на современа уметност во Загреб и Националната галерија, на 28 октомври во 19 часот е отварањето на изложбата на графики на првата академска графичарка Менче Спировска во Мала Станица.

Менче Спировска е родена во Прилеп на 22 март 1928 година. Завршила средно уметничко училиште во Скопје и потоа заминала на Академија во Загреб каде била заедно со нејзиниот иден сопруг Драгутин Аврамовски – Гуте во класата на Ордан Петлески.

По дипломирањето на Акедемијата за ликовни уметности во Загреб се враќа во Скопје каде работи како ликовен педагог и ја развива графиката како посебна ликовна дисциплина и остава траен белег на македонската ликовна сцена.

Сподели: