Алтернатива Настани

ЈП Лајка ја започнува својата кампања за одговорно сопствеништво

Сподели:

 

Во рамките на своите активности ЈП Лајка ја започнува својата кампања за одговорно сопствеништво.

Преку оваа кампања, акцентот го ставаме на потребата од стерилизација и микрочипирање на милениците како едни од основните мерки за намалување на популацијата бездомни животни.

Секој одговорен сопственик треба да го микрочипира своето куче и неговото напуштање е казниво со закон.

🩺ВЕТЕРИНАРНА ГРИЖA: Редовни прегледи кај ветеринар;

💉Редовна ВАКЦИНАЦИЈА: Вакцина против беснило која е задолжителна законски и вакцини против заразни болести;

💊Редовно ПРОЧИСТУВАЊЕ од внатрешни и надворешни паразити;

🦴ОДДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА: хранење со соодветна храна и редовно напојување со свежа вода;

🏠СООДВЕТНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ во внатрешни или надворешни услови со цел заштита при ниски или високи температури;

🥎ФИЗИЧКИ АКТИВНО КУЧЕ Е ЗДРАВО И СРЕЌНО КУЧЕ и затоа советуваме редовни прошетки и физичка активност;

🐕СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА: Редовниот контакт со луѓе и други миленици ги прави самоуверени и посреќни;

✂️ГРИЖА ЗА ХИГИЕНА: Редовно бањање, чешлање, посета на грумер.

Сподели: