Во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето ќе се одржи камерен концерт – пијано рецитал насловен „Контрасти и страсти“ на Давид Павиќ.
Младиот пијанист Давид Павиќ ќе се претстави со рецитал што обединува дела од барокот, класицизмот, романтизмот и современата македонска музика. Програмата ги поврзува музичките светови на Хендел, Бетовен, Шуман, Лист и Властимир Николовски, создавајќи вечер исполнета со виртуозност, емоција и стилски контрасти. Концертот претставува дел од новата генерација македонски музичари кои сè поуспешно го градат своето уметничко присуство на домашната и меѓународната сцена.
Билетите се во продажба на https://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx..
16 јули, Салон 19:19


