Ослободителна пресуда за Сашо Мијалков за “Тортура”

Сподели

 

Сашо Мијалков не е виновен за Тортура врз Љубе Бошковски пресуди судијката Александра Ристеска.

Судот ги ослободи од вина за начинот на кој беше уапсен Љубе Бошкоски, пред ресторанот „Воденица“ во 2011 година.

Поранешното СЈО не го убедил судечкиот совет, дека обвинетите го сториле делото – нечовечно и понижувачко апсење. Како еден од клучните елементи, зошто е изречена ослободителна пресуда е тоа што Бошкоски во полициска станица пред десет години, не се пожалил на тортура од полицијаците кои го уапсиле, нита пак обвинителот докажал дека Мијалков нарачал, а „алфите“ извеле понижувачко и нечовечно лишување од слобода.

Не се докажало ниту дека Мијалков ги поттикнал шестемина припадници на Алфите да го навредуваат и да му ставаат пиштол на главата при апсењето. И вештачењето на здравствената состојба не покажало дека токму поради насилното приведување Бошковски имал стрес и срцеви проблеми неколку денови.

Обвинителот Љубомир Лапе најави жалба на ослободителната пресуда и останува на ставот дека обвинението е прецизно со сите потребни докази и дека според европската пракса начинот на апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година е забрането.